Tруењето во ОУ „Димо Хаџи Димов“ не е од водата. Се чекаат резултатите од храната
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош е санитарно исправна и може непречено да се користи, соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, по извршениот вонреден мониторинг на 26 ноември, по пријава од основното училиште.
Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информираат дека Секторот за санитарна контрола земал четири примероци вода од две локации – училница и кујна. Два примероци биле за физичко-хемиска анализа, а два за микробиолошка.
– Од добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18). Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е санитарно исправна и може непречено да се употребува, потенцираат од ЈП „Водовод и канализација“-
Инаку, на 26 ноември, во училиштето во Влае, голем број ученици се пожалиле на стомачни тегоби. Надлежните институции веднаш извршиле земање мостри од храна, вода, како и брисеви од површини и вработени. Резултатите од овие анализи се очекуваат да бидат познати до крајот на денот.







