АХВ со демант дека ученицитете во интернатот „Здравко Цветковски” во Скопје се хранат со оброци со бубашваби

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку соопштение денеска ги демантира изнесените наводи објавени во неколку интернет портали дека учениците сместени во средношколскиот интернат „Здравко Цветковски” во Скопје се хранат со оброци во кои има бубашваби.

Од АХВ посочуваат дека и при последената инспекциски контрола спроведена на 19 ноември 2025 година врз основа на поднесена иницијатива од граѓанин за спроведување на вонреден инспекциски надзор, не биле констатирани недоследности, односно, во кујната на интернатот хигиенско-санитарната состојба била добра и не биле затекнати инсекти во објектот како што било наведено во иницијативата.

-Со надзорот спроведен овој месец, утврдено е и дека вработените имаат уредни санитарни книшки и соодветно се спроведени мерки за дератизација, дезинцекција и дезинфекција. Оператотот со храна води уредни записи за слеливост на храната, соодветно чува контролни оброци и самоиницијативно врши лабораториски анализи за микробиолошко тестирање на храна, работни површини и опрема за работа со кои пред инспекциските служби ја потврдува безбедноста, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Back to top button
Close