Почна 12. Ликовна колонија „Дрен“ во Прилеп 

 Во новите услови поради пандемијата, почна годинашното издание на ликовната колонија „Дрен 2020“, во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп и со поддршка на Министерството за култура.

Тринаесет уметници од земјава ќе творат во своите ателјеа поради пандемијата и, практично, на физичка дистанца ќе се реализира 12. Ликовна колонија „Дрен“. Платната и боите веќе им се доставени на уметниците.

Годинашни учесници на колонијата се уметниците: Беди ИбрахимМирко ВујисиќМикица ТрујкановиќМарија Стојаноска ПетковскиЖани Гелевска, сите од Скопје, Драган Најденовски од БитолаВладимир Темков од КавадарциМирјана Крстева Масети од ГевгелијаАнгел Коруновски од ВелесАлександра Димитрова од КочаниТамара Танкоска  од САД и Тони Чатчески и Марјан Стојаноски од Прилеп.

Делата што ќе бидат изработени ќе бидат претставени на изложба во ликовната галерија на прилепскиот Центар за култура.

Back to top button
Close