Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.

Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам, рече дека е избран модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција со нивните системи, како и дека се спроведуваат мерки кои ќе овозможат максимално да се минимизираат ризиците.

Според неа, со оваа реформа ќе се подобри управувањето со јавните финансии, ќе се подобри даночната усогласеност, брзо и лесно ќе се детектираат несоодтевните одлуки на влезен ДДВ, несодветно декларирани расходи кои не се признаваат за стопанската дејост, ќе се намали сивата економија, ќе има поефикасна даночна контрола,…

Како што рече Петрова, е-фактура е меѓу најзначајните дигитални реформи на УЈП и за целата бизнис заедница, а се спроведува многу внимателно за да се обезбеди подготвеност на економските оператори кои ќе бидат корисници на новиот систем.

Петрова соопшти дека активностите почнале на 1 јули годинава и оти завршена е набавката на современата ИТ опрема која треба да обезбеди стабилна инфраструктура.

– Се наоѓаме пред клучна фаза, целосно сме фокусирани на стартот на пилот имплементацијата од 1 јануари 2026 година. Тогаш ќе го објавимекомуникацискиот механизам кој треба да обезбеди автоматска и безбеда размена на податоците меѓу системите на компаните и системот за е- фактура. Же биде поставена техничката документација, врз основа на која компаните ќе можат да почнат да ги прилагодуваат своите софтвери, да ја спроведат техничката интеграција и да започат со тестирање на испраќање и издавање фактури во контролирана тест околина. Оваа фаза ќе биде наменета за ИТ компании и тимови кои работат на развој и одржување на фактурирачки и слични системи, како и економски оператори кои имаат свои ИТ решенија. До крај на првиот квартал 2026 година ќе бидат објавени и клиентската и веб апликацијата кои ќе бидат наменети за помалите компани кои немаат сопствени фактурирачки системи а до крајот на вториот кваратл ќже биде поставен продукциоскиот сервер. Планирано е до крај на третиот квартал да заврши тестирањето и да почне имплементацијата, информира Петрова.

 

Фазите за задолжителна имплементација се уште не се утврдени но најави дека и тоа ќе биде направено во најскоро, откако ќе се видат резултатите од почетното тестирање, во поглед на димензионираноста и дизајнот.

 

Појаснувајќи ги функционалностите рече дека е избран модел на централизиран државен систем со кој ќе комуницираат компаниите.

 

– Комуникацијата и доаѓањето на податоците ќе биде во реално време бидејќи преку тој систем ќе се врши издавањето на фактурите. Овој модел е најблиску до ОЕЦД концептот – Даночна администрација 3.0., кој се однесува на висока интеграција на системите на даночната администрација со системите на компаниите и други страни и создавање на интероперабилен даноче систем. Карактеристично за овој модел е и тоа што со Министерството за финансии се договоривме во овој систем покрај фактурите да поминуваат и да се издаваат и пропратните документи како испратници, приемници, времени ситации, итн, … со што системот ќе обебдди целсона документирана деловна трага за еден деловен настан. Се прави со цел да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, рече Петрова.

Најважните предизвици се однесуваат на обезбедување систем кој, како што појасни, ќе биде соодветно димензиониран и ќе има содветна брзина во функционирањето. Се работи и на заштита на податоците, автентичноста на фактурата, да нема можности за промени, заштитата од разни напади, блокирања на системот,…

На отворањето на конференцијата, беше порачано дека дигитализицијата го зајакнува владеењето на правото, го стеснува просторот за корупција и обезбедува транспарентни и унифицирани услуги достапни до сите граѓани.

Славе Пројковски, член на одборот на директори на АмЧам истакна дека дигитализацијата бара фокус на луѓето и нивните вештини и оти е потребна заедничка работа на јавниот и приватниот сектор. За исполнување на поставените цели неопходно е јакнење на рамката за сајбер бездност, што, посочи, е национална потреба затоа што секој нов систем, секој нов процес, секое ново поврзување мора да биде безбедно.

– Дигитализицијата на државните сервиси мора да се одвива во соработка со приватниот сектор. Прогресот зависи од една работа-работење заедно. Ни треба силно партнерство. Владата да го притиска приватниот сектор за иновации, а приватниот сектор да ја притиска Владата за модернизирање. Кога двете страни ќе ги здружат силите прогресот ќе биде побрз и одржлив. Луѓето се во центарот на трансформацијата. Мора да инвестираме во дигитални вештини на секое ниво, да им помогнеме на институциите да креираат и да понудат нови системи, на компаниите да ги дигитализираат нивните процеси, а граѓаните да се чувствуваат безбедно кога ги користат, рече Пројковски.

Конференцијата продолжува со панел „Од интероперабилност до институционална отпорност“, за искористување на потенцијалот на поврзаните податоци, по што се одржат и панелите „Дигитализација и сајбер безбедност во енергетскиот сектор“, „Забрзување на дигиталната трансформација во финансискиот сектор“ и „Финансирање на дигитализацијата“

Back to top button
Close