Од „Зимзоленд“ демантираат дека паркот ќе биде затворен

Од забавниот парк „Зимзоленд“ официјално ги демантираат информациите кои се појавија во некои медиуми дека паркoт ќе биде затворен.

„Во последните часови се ширеа неосновани вести дека Зимзоленд ќе престане со работа. Ова не е точно“, изјавија од управата на паркот.

Од „Зимзоленд“ потврдуваат дека работното време останува исто: во работни денови од 12:00 часот, а за време на викендите од 10:00 часот.

„И покрај тоа што во последно време имаше инспекциски контроли, целосната и неопходна документација е предадена на надлежните институции. Наша мисија е да создадеме магични моменти, весела атмосфера и радост за сите деца и семејства“, додаваат од паркoт.

Управата на „Зимзоленд“ ги повикува посетителите да продолжат со традицијата на забава и им се заблагодаруваат за довербата и поддршката.

Претходно градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил информираше дека инспектори во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) спровеле акции во Зимзоленд.

„По пријави од граѓани, постапивме на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект. Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи“,напиша Ѓорѓиевски.

Back to top button
Close