Ѓаволот сам се предал и оди во куќен притвор, додека неговиот адвокат Стафа заврши во ,,Шутка”

Љупчо Пецов, познат под прекарот Ѓаволот, осомничен во предметот ,,Синџир”, од вчера сепак оди во куќен притвор, иако претходно беше во бегство.

-Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љ.П. на кој од претходно, со решение на судот, му е определена мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода со решение КОК ПП 439/23 во предметот за јавноста познат како „Синџир“

Со оглед да истиот доброволно се пријавил на органите на прогон и од неговата одбрана е доставена медицинска документација според која истиот има влошена здравствена состојба, а воедно надлежниот Јавен обвинител, покрај здравствената состојба, ценел и дека со спроведување на обвинетиот во притворското одделени не може да се гарантира неговата лична безбедност, на записник пред судот, наместо мерка притвор, предложи на обвинетиот да му се определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка 24 часовен надзор од МВР, со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката.

Со оглед на сето тоа, судија на претходна постапка го прифати предлогот на ЈО и на обвинетиот му определи мерка куќен притвор, како и задолжителен надзор, а воедно одземени му се и двете патни исправи. Против решението на судијата дозволено е право на жалба пред Кривичниот совет, информираа денеска од Кривичниот суд.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пак појаснуваат дека осомничениот бил болен и не можела да му се гарантира безбедност во притворот во ,,Шутка”.

 

-Одбраната на лицето за кое покажувате интерес до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изменување на определената мерка притвор во поблага мерка укажувајќи на нарушената здравствена состојба на лицето кое веќе било на болничко лекување поради истата и на кое му било препорачано понатамошно лекување.

ОЈО ГОКК ценејќи ги истакнатите околности, како и околностите што укажуваат на сериозни влијанија врз постапката и влијанија врз лицето, фактот дека лицето доброволно се пријавило и ги предало двете патни исправи што ги поседува и индициите што укажуваат дека со спроведување на обвинетиот во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, јавниот обвинител на закажаното рочиште пред судијата на претходна постапка го измени предлогот и предложи да му биде определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката, велат од Обвинителатвото.

Во саботата токму пак адвокатот на Ѓаволот, Фехми Стафа, беше уапсен со мито од 20.000 евра, кои наводно требало да ги даде на судија од Апелација, за да влијае врз него да му го укине притворот на неговиот клиент. Но, уште пред десетина дена тројца судии од Апелација го одбија ова барање, иако тогаш Пецов понуди и гаранција од еден милион евра. (Fokus.mk)

Back to top button
Close