Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Загреб треба да го гледа својот интерес и да „не се пика во Коалицијата на подготвените“.
– Во овие моменти на конфузија во Европа и драма која сè уште чека катарза во Украина, каде што загинаа илјадници војници, можеме само да се надеваме дека ќе има повеќе разум. Не сакам хрватските политичари и лидери да бидат меѓу виновните и одговорните, бидејќи нема потреба за тоа, изјави Милановиќ на прославата на 34-годишнината од Хрватската воена академија „Д-р Фрањо Туѓман“ во Загреб.
Тој предупреди дека „Европа драматично се сменила“, но има промена и во НАТО поради ставовите на САД.
– Слушаме за изворите на заканата, не само од генералниот секретар на НАТО, туку и од неколку претседатели на држави и влади на најголемите европски земји. Слушаме за фактот дека е прашање на денови кога ќе има конфликт со Русија. Луѓето стравуваат и се плашат, дали е вистина и дали е можно? Мислам дека не е, и мислам оти е од другата страна на умот, посочи Милановиќ.
Тој ја поздрави одлуката на Парламентот за враќање на задолжителната воена служба следната година, која ќе трае два месеци. Според Милановиќ на Хрватска ѝ недостасуваат околу четири илјади војници.






