САД воведоа санкции против Мадуро, неговата сопруга и соработници

Министерството за финансии на САД соопшти дека воведува санкции против седум лица поврзани со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга.
– Нема да дозволиме Венецуела да продолжи да ја поплавува нашата земја со смртоносни дроги. Мадуро и неговите криминални соучесници го загрозуваат мирот и стабилноста на нашата хемисфера. Администрацијата на претседателот (Доналд) Трамп ќе продолжи да се бори против мрежите што ја поддржуваат неговата нелегална диктатура, изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесант.
Министерството за информации на Венецуела не ги коментираше изјавите на Бесант.
Владата на Венецуела и Мадуро категорично негираат каква било криминална вмешаност и ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го соборат владејачкиот режим и да ги преземат венецуелските нафтени полиња.






