Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа, покажува рангирањето на швајцарската „IQ Air“. Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот.  Веднаш зад Скопје се Aмстердам и Сараево.

Апликацијата „AirCare“ покажува умерена загаденост, но на одредени мерни станици концентрацијата на ПМ-10 честички е над 200.

На сила се мерките на Владата за заштита на населението од загадувањето. На сите работодавци им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и граѓаните со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар, без оглед на возраста. На оние кои мора да работат на отворено им се препорачува смените да им бидат поместени во интервалот од 11 до 17 часот, кога загадувањето вообичаено благо попушта.

Back to top button
Close