Орбан: Ако Украина ја изгуби војната со Русија, Унгарија ќе биде во сериозни проблеми

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека поразот на Украина би претставувал сериозен проблем и за Унгарија, нагласувајќи дека е во интерес на Будимпешта да се спречи колапсот на таа земја.

Изјавата предизвика критики, бидејќи, според бројни европски претставници и аналитичари, Унгарија подолг период ја блокира или забавува помошта за Украина и клучните одлуки на Европската Унија поврзани со поддршката за Киев.

Орбан и претходно се спротивставуваше на пакетите за финансиска и воена помош за Украина, како и на напредокот на земјата кон членство во ЕУ, поради што Будимпешта често се посочува како проблематичен фактор во рамките на Унијата.

Back to top button
Close