Во Британија: „земјата се отворила“ и проголтала речен канал

Во британскиот округ Шропшир, денеска е прогласена вонредна состојба бидејќи синоќа земјата „се отворила“ (дупка) и проголтала дел од речниот канал со целата вода, од која нема трага.

На сликите и видеата објавени од Би-Би-Си, може да се видат неколку мали чамци кои или паднале во дупката или останале на суво.
„Звуците станале толку гласни што луѓето знаеле дека мора да ги напуштат своите пловила“, изјавил еден сведок за Би-Би-Си.

Back to top button
Close