Врховниот суд на Бразил го одобри барањето на одбраната Болсонаро да биде опериран в четврток

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораис, го одобри барањето на одбраната на поранешниот претседател Жаир Болсонаро да биде хоспитализиран в четврток за да се подложи на операција на кила, според судски документи.
Мораис минатата недела му дозволи на Болсонаро да го напушти затворот, каде што отслужува 27-годишна казна, за да се подложи на процедурата, но во тоа време не беше објавен датум.
Адвокатите на поранешниот претседател побараа претходно во текот на денот тој да биде примен во болница во главниот град Бразилија за тестови утре и да се подложи на операција в четврток.
Болсонаро беше избоден во стомакот за време на предизборен митинг во 2018 година и беше хоспитализиран и опериран поради повредата.
Претходно денеска, лидерот на десничарската партија на Бразил го откажа планираното интервју, наведувајќи здравствени причини. Мораис му дозволи да го даде интервјуто од затвор.
„Тој ќе биде примен во болница на операција – некои денови се буди чувствувајќи се добро, други полошо. Денес можеби беше денот кога се разбуди чувствувајќи се полошо“, рече најстариот син на поранешниот претседател, сенаторот Флавио Болсонаро, кој ја објави својата кандидатура за претседател на Бразил.






