Облачно со повремен дожд, на планините снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од УХМР информираат дека утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа во источните делови ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините, врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето






