ИПАРД 3 Програмата е суспендирана, официјално потврди Европската комисија за „Независен“

Европската комисија потврдува за „Независен“ дека се стопирани исплатите за корисниците од третиот квартал на 2025 година. Но, од ЕК напоменуваат дека оваа суспензија не подразбира стопирање на целокупната ИПАРД 3 програма, туку само до 2027 година.
Целосната сума на ИПАРД 3 Програмата изнесува 97 милиони евра европски средства и 31 милион евра национални средства. Периодот за имплементација започнат 2023 година трае до 31.12.2030.
„Националниот службеник за овластување (НАО) на Северна Македонија одлучи да ги суспендира сите плаќања во рамките на програмата ИПАРД 3 2021-2027 од 7 ноември 2025 година до понатамошно известување.
Со оглед на сегашните околности, Комисијата ја надополнува оваа национална одлука и, како стандардна превентивна мерка, одлучи да го прекине последното барање за плаќање за третиот квартал од 2025 година поднесено во рамките на програмата ИПАРД 3. Оваа одлука на Комисијата не подразбира суспензија на целокупната програма ИПАРД 3“, стои во одговорот на Европската комисија испратен до „Независен“.
…





