Болсонаро во болница прв пат надвор од затвор поради операција

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска го напушти затворот за прв пат откако беше ставен зад решетки кон крајот на минатиот месец и пристигна во болница каде што утре ќе биде опериран, информира извор од оваа приватна клиника во главниот град на Бразил.

Новинарите забележаа конвој од црни автомобили, придружувани од мотоцикли, како влегуваат во гаражата на болницата ДФ Стар, каде што поранешниот шеф на државата, претставник на крајната десница, осуден во септември на 27 години затвор за обид за државен удар, веќе беше опериран во април.

Времетраењето на неговиот престој во болницата сè уште не е прецизирано.

Ова прво ослободување од затвор го одобри судијата на Врховниот суд Александар де Мораис, задолжен за судењето во кое поранешниот претседател (2019-2022) беше осуден.

70-годишниот Болсонаро страда од последиците од нападот во 2018 година, кога беше избоден во стомакот за време на состанок со гласачите во екот на изборната кампања.

Back to top button
Close