(ВИДЕО) Отпуштените службеници од ДУИ имаа и кревети во канцелариите, вели Стоилковиќ

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска на неговиот фејсбук-профил објави видео од канцеларија во министерството со кое раководи, а во која, како што вели, работеле отпуштените служеници.

Оваа објава на Стоилковиќ следи откако денеска опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) обвини за дискриминација во Министерството за односи меѓу заедниците, бидејќи се отпуштени седуммина .

Албанци.

Оваа слика, како што вели ја оставиле тие, откако вчера биле отпуштени од работа.

 

На видеото се гледа дека покрај канцелариски мебел, во неа се поставени и душеци, како импровизирани кревети, а има и апарати за приготвување чај и тост сендвич.

 

„Ова е канцеларија во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што гледате, во која ‘работеа‘ вчера отпуштените службеници, кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирање на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку“,напиша Стоилковиќ на Фејсбук.

Од ДУИ денеска соопштија дека оваа одлука претставува директен удар врз принципите на рамноправност, коегзистенција и правична застапеност и не може да се оправда со невистинити и навредливи оправдувања за јавното мислење, како што е тврдењето за таканаречена „дисциплинска мерка“.

„Во услови кога на вработените им се одземаат најосновните елементи за работа, како функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни задачи – секоја таква мерка е административна фарса и доказ за однапред смислена дискриминаторска намера“,се вели во соопштението од ДУИ.

Според ДУИ, министерството чија мисија е да ја штити меѓуетничката еднаквост свесно се претвора во очигледен пример за нејзино прекршување.

Back to top button
Close