Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи – „Распиши победа“

Студентите во блокада во Србија најавија акција за утре под слоганот „Распиши победа!“, за време на која ќе собираат потписи во поддршка на барањето за распишување предвремени парламентарни избори.

Граѓаните ќе можат да ја поддржат таа иницијатива на повеќе од сто места низ Србија.

Листата на локации, што редовно се ажурира, е објавена на веб-страницата studenti.org.rs.

Според најновите достапни податоци, потписи ќе се собираат на 108 места на 476 штандови.

Како што велат студентите вклучени во организацијата на настанот, целта е да се соберат што е можно повеќе потписи за да се знае колку граѓани се за распишување избори.

Back to top button
Close