„СЕ НАВЕДНУВАВ И ГИ ПРЕВРТУВАВ ДЕЦАТА ДА ВИДАМ ДАЛИ СЕ МОИТЕ“: Потресно сведочење на мајката Марија

„Андреј беше викнат од газдата Дејан Јованов во 01 часот по полноќ, бидејќи имало многу гости. Буквално секој што знаел да држи чаша во рака бил повикан”

Вака започна сведочењето на Марија Петрушева, која пред судот откри дека нејзиниот 24-годишен син таа вечер бил повикан вонредно на работа во „Пулс“, само неколку часа пред трагедијата. Таа раскажа дека во 18:30 часот последно се слушнала со него, кога ѝ рекол дека е уморен, но мора да оди, пренесе 4њуз.

Кошмарот за семејството Петрушеви започнал околу 02:45 часот, кога ги слушнале сирените. Живеејќи во близина на болницата и со поглед кон излезот на Кочани, сфатиле дека нешто гори во правец на дискотеката. „Почнав да ѕвонам кај двајцата синови, наизменично, но одговор немаше. На Андреј му пишав и на Инстаграм: ’Што се случува?‘, но до ден денеска пораката стои непрочитана,“ сведочеше мајката низ солзи.

 

Сцени од пеколот: „Мислев дека се онесвестени, а тие биле мртви“

Кога стигнале пред „Пулс“, владеел хаос. Сопругот влегол во чадот да ги бара синовите, додека Марија ги пребарувала телата надвор. „Јас се наведнав да ги обрќам децата, да видам дали е некој од нив. Тие деца кои ги гледав таму, не сфаќав дека се мртви… мислев дека се онесвестени од чадот,“ рече таа, момент кој предизвика еден од родителите во публиката вознемирен да ја напушти судницата.

Надежта се појавила кога едно момче ѝ кажало дека нејзините синови се веќе однесени во болница – помалиот Христијан бил добар, а Андреј имал „слаб пулс“.

Повеќе

 

 

Back to top button
Close