Откажани 61 авионски лет во Турција поради снежната бура

Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција донесоа големи проблеми во сообраќајот и секојдневието. Ниските температури и мразот предизвикаа прекин на наставата во повеќе провинции, а авиосообраќајот е сериозно нарушен.

None

Најголем удар претрпе националната авио-компанија „Туркиш ерлајнс“. Портпаролот Јахја Устун соопшти дека за 31 декември се откажани 61 лет, најмногу на релации кон централните и источните делови на земјата. Тој нагласи дека одлуките се донесени исклучиво поради безбедноста на патниците.

Метеоролозите предупредуваат на продолжени врнежи и заладување, а властите апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да бидат внимателни на патиштата

Back to top button
Close