Засега нема информации за македонскиот државјанин кој се води за исчезнат по несреќата во Кран Монтана
Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјанин кој се води како исчезнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана.

– Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајцарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави денеска владината портпаролка Марија Митевска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.
Стапено е во контакт со официјални претставници на Швајцарија и понудена е помош.
– Стоиме на располагање и очекуваме доколку е потребно да побараат помош, рече Митева и во име на Владата изрази жалење и сочувство за несреќата во Кран Монтана.






