25 годишникот кој до смрт избоде лице во старата скопска чаршија е уапсен во Косово

Расправија за такси и банална кавга во кафе-бар прераснале во крвава драма во Старата скопска чаршија за време на новогодишната ноќ. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага против 25-годишен турски државјанин со престој во Тетово, кој е осомничен дека убил едно момче, а се обидел да убие и друго.

​Жртвата е идентификувана како Ахмет Мерт Доган, 22-годишен турски државјанин, кој починал на лице место од убоди со нож.

​Според реконструкцијата на настанот од страна на ОЈО, инцидентот започнал во кафе-бар во Чаршијата. Осомничениот (25) влегол во вербална расправија со жртвата и неговиот 23-годишен пријател (жител на германскиот град Есен).

​По првичната кавга, двајцата оштетени заминале кон Плоштадот.

​„Меѓутоа, бидејќи не успеале да најдат такси, повторно се вратиле кон Чаршијата и поминале во близина на истиот кафе-бар“, се вели во соопштението.

​Четири убоди директно во срцето

​При повторната средба, расправијата ескалирала. Осомничениот извадил нож и го нападнал Ахмет Мерт Доган.

​Му нанел четири убоди во градниот кош и срцето, што било фатално.

​Со ножот го нападнал и неговиот пријател, прободувајќи го во грбот со намера и него да го убие, но тој преживеал.

​Убиецот идентификуван преку камери, уапсен во Косово

​По делото, убиецот побегнал. Скопската полиција и обвинителството веднаш ги прегледале снимките од видео-надзорот во Чаршијата, што овозможило брза идентификација.

​Истрагата покажала дека тој пребегал во Косово. По распишаната потрага, тој е лишен од слобода од страна на косовските органи.

​„Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор во отсуство, врз основа на кој веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција“, информираат од Обвинителството.

​Осомничениот се товари за две тешки дела: „Убиство“ и „Убиство во обид

Back to top button
Close