Во барот во Швајцарија во кој изби пожар имало и македонски државјанин, потврдија од Владата

„Во контакт сме со властите и со кантонската полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа. Немам дополнителни информации. Ќе ја информираме јавноста веднаш штом имаме повеќе детали“, изјави владината портпаролка Марија Митева

epa12621413 A police officer stands at the area where an unidentified origin fire broke out at the ‘Le Constellation’ bar and lounge leaving people dead and injured, during New Year’s celebration, in Crans-Montana, Switzerland, 02 January 2026. According to the police, several dozen people lost their lives in the fire that devastated the bar ‘Le Constellation’ on New Year’s Eve in the Swiss Alps resort of Crans-Montana. Around one hundred people were also reported injured. EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Во барот во скијачкиот центар Кран-Монтана во Швајцарија, каде што избувна пожар за време на новогодишната ноќ, имало и еден македонски државјанин. Ова на денешната прес-конференција го потврди владината портпаролка Марија Митева, која додаде дека засега нема дополнителни информации за случајот, односно за состојбата во која се наоѓа лицето.

 

„Последните информации кои ги добив од надлежните институции е дека има една личност со македонско државјанство. Во контакт сме со властите и со кантонската полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа. Немам дополнителни информации. Ќе ја информираме јавноста веднаш штом имаме повеќе детали“,изјави Митева одговарајќи новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Во однос на помошта што земјава ѝ ја понудила на Швајцарија по трагедијата, владината портпаролка рече дека Владата и надлежните министерства за надворешни работи и за здравство се во контакт со швајцарските власти и стојат на располагање доколку од земјава биде побарана помош.

„За жал, имаме свежа меморија од една ваква огромна трагедија. Нашата држава тогаш се соочи со солидарност од невидени размери и се разбира дека како Влада сме во контакт со претставници на државата, понудена е помош, стоиме на располагање и очекуваме доколку е потребно тие ќе ја побараат од нас, а ние ќе ја пружиме“,изјави Митева.

По стравотниот пожар во ски-центарот Кран-Монтана во Швајцарија, на социјалните мрежи беше објавен апел за помош по исчезнувањето на македонскиот државјанин Стивен Ивановски. Тој, како што е наведено во објавите на социјалните мрежи, бил последен пат виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле констелејшн“ во познатиот швајцарски зимски центар.

Во пожарот во Швајцарија загинаа околу 40 лица, а повеќе од 115 се повредени. Според наводите во локалните медиуми, повеќето од гостите во барот биле на возраст од 15 до 20 години.

Back to top button
Close