ВИДЕО | Семејството на 2-годишното дете кое почина од заскитан куршум, обвинува за полициска бруталност
Семејството Аслани чиј двегодишен син почина во Клинички центар откако на новогодишната ноќ во неговата глава заврши метален фрагмент, обвинува за полициска бруталност во повеќе видео-материјали емитувани во живо денеска.
Во едниот од нив членови на семејството покажуваат модрици од удари кои велат дека им ги задала полицијата додека таткото на детето открива дека бил испитуван дали му направил нешто на детето.
Членови на семејството велат дека полицијата апсела и деца и возрасни, присутни на местото. Oд редакцијата на Слободен печат се пбоделе да дпбијат официјален став за овие обвинувања се обидовме да добиеме од МВР но засега безуспешно.
…
Повеќе





