Филипче: Ако распишат избори ќе учествуваме
На денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека доколку избори бидат распишани СДСМ ќе учествува на тие избори и ќе се бори со сите демократски средства.

Претходно тој ја образложи одлуката зошто не прифаќа лидерска средба.
-Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија ја одбрана од целосна злоупотреба на слободната волја на граѓаните за изборниот процес. Не смее да се укине техничката влада која е единствена можност за фер и демократски избори. Не ја сакаат бидејки кога ќе влезе министер од опозициијата чесно се откриваат претходни криминали и злоупотреби.Јасно кажавме дека станува збор за прво извори а потоа мигранти за пари. Нека ВМРО и ЗНАМ сами ги распишат изборите, ние нема да бидеме покритие за тоа сценарио и легитимирање на овој маневар чија цел е избегнување на одговорноста.
Причината за ваквото брзање е паника.
Ја разоткривме позадината и со која тендернкоалцијата Дпмне-ЗНАМ владее. Ја откивме вистината за мигрантите, Алта банка, правосудниот систем – изјави тој.






