Вучиќ ќе ја замени претседателската со премиерската фотелја?

Иако формално и за јавноста тврди дека се надева оти нема да биде премиер по следните парламентарни избори, српскиот претседател Александар Вучиќ јасно остава отворена врата за враќање на чело на Владата. Неговата одлука, како што самиот вели, ќе зависи од „истражувањата на јавното мислење“ и проценката дали Србија би одела во „погрешна насока“ без него.

Со истекот на вториот претседателски мандат и уставната забрана за нова кандидатура, сценариото станува јасно: Вучиќ се подготвува за контролирано преместување од претседателската функција назад во извршната власт, бидејќи СНС очигледно нема посилен кандидат за премиер. Со ова Вучиќ ќе тргне по искуството на Путин, кој со Медведев си ги менуваа функциите премиер и претседател.

Иако во моментов нема одреден датум за избори, пораката е јасна, Вучиќ најверојатно ќе биде носител на листата, а веројатно и кандидат за премиер. Неговите изјави за поддршка на „некој друг“ делуваат повеќе како формалност отколку реална опција.

Во ваков контекст, опозицијата и студентските движења немаат простор за тактичко чекање: прашањето повеќе не е дали Вучиќ ќе се кандидира, туку дали тие ќе понудат сериозна политичка алтернатива објави Скопје1.мк

Back to top button
Close