Почина жената која беше прегазена во центарот на Скопје

Жената која утринава беше тешко повредена откако беше прегазена во близина на трговскиот центар „Зебра“ во Скопје, попладнево им подлегна на повредите, потврдија од Ургентниот центар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот кој ја удрил 75-годишната пешачка се движел со голема брзина и по несреќата избегал од местото на настанот. Полицијата интензивно трага по возилото и сторителот.
Несреќата се случила на дел од улицата каде што нема обележан пешачки премин, иако жителите често ја минуваат коловозната лента токму на тоа место. На местото на ударот можат да се забележат скршен ретровизор и делови од пластика од автомобилот, како и трагите од крв, што сведочат за силината на ударот.






