„ЕСМ Продажба“ продава струја на фирма ќерка на ЕСМ за речиси 113 илјади евра

Ски центарот Попова Шапка – фирма ќерка на ЕСМ купува струја од „ЕСМ Продажба“ за 9,44 денари по киловат или 9.440 денари по мегават час. Договорот е потпишан на крајот на 2025 година, а предвидува и варијации во цената која е дадена – покачување или намалување, во зависност од цената на берзата на HUPX.

Маржата на струјата фирмата-ќерка на ЕСМ си ја набавува од ЕСМ е 8 проценти, а договорот ќе трае една година, или порано доколку струјата предвидена со договорот се потроши побрзо.
Цената на струјата која ја продава ЕСМ кон ЕВН пак, изнесува 62 евра или 3.816 денари по мегават час, поради што скокна и цената на струјата за домаќинствата за 2,45 во првиот блок, 2,87 отсто во вториот блок, 3,32 проценти во третиот и 3,84 отсто во четвртиот блок.

Поднесените пресметки за 2023 и 2024 година покажуваат дека Ски центарот Попова Шапка работи со загуби. Во 2023 година, фирмата-ќерка на ЕСМ работела со загуби од над 2 милиони денари. 2024 година пак, ја завршила со минус од 45,3 милиони денари.
Ски центар Попова Шапка како посебна фирма излезе од ЕЛЕМ Турс во 2022 година, кога освен ова фирма, беше основана и битолската ЕСМ Молика, постапка за која ревизорите утврдија дека била проблематична.

Back to top button
Close