(ВИДЕО) Драма во „Космос“ Солун: Падна таван во омилениот мол на Македонците

Вистинска драма се одвивала вчера во трговскиот центар „Mediterranean Cosmos“ во Солун, една од најомилените шопинг дестинации за македонските граѓани. Дел од таванската конструкција се урнал среде гужва, при што повредена е една жена.

Инцидентот се случил на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните и објектите за брза храна, место кое вообичаено е преполно со посетители.

Во несреќата настрадала 45-годишна жена врз која паднале делови од конструкцијата.

  • Таа се здобила со повреди на главата и вратот.
  • Според грчките медиуми, жената била свесна кога пристигнала Брзата помош и веднаш била пренесена во болницата „Папаниколау“ за понатамошно лекување.

На социјалните мрежи се појави видео направено само неколку моменти по уривањето. Снимката ја доловува хаотичната атмосфера:

  • Се гледа урнатата конструкција на подот.
  • Дел од посетителите панично се обидуваат да се тргнат од местото.
  • Група граѓани се клекнати на земја и ѝ укажуваат прва помош на повредената жена додека чекаат да пристигнат лекарите.

Засега не се познати причините за попуштањето на таванската конструкција во овој фреквентен трговски објект (извор)

Back to top button
Close