Мерц очекува САД да продолжат да учествуваат со Данска во одбраната на Гренланд
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува САД да продолжат да учествуваат со Данска во одбраната на Гренланд, а во тек се разговори за разјаснување на форматот, објави ДПА.

„Водиме многу длабоки разговори со данската Влада и нашата цел е да работиме заедно за подобрување на безбедноста на Гренланд“, изјави Мерц во индискиот град Ахмедабад.
„Очекувам и Американците да се приклучат на разговорите“, додаде тој, додавајќи дека претстојните разговори во наредните денови и недели ќе покажат во каков формат ќе се одвива тоа.
„Општо земено, ја поздравуваме секоја дипломатска размена што придонесува за смирување на ситуацијата“, додаде портпаролот на германската Влада.






