Снег во Грција, наставата е откажана

Обилен снег падна во Грција, предизвикувајќи затворање на училишта и целосен прекин на сообраќајот на острови како Крит, Лимнос и Лезбос, јавува „Прототема“.

Поради интензивните снежни врнежи, на острови како Крит, поголемиот дел од сообраќајот е целосно прекинат.

 

Во текот на изминатата ноќ снег наврна на полуостровот Халкидики, како и на островите Лимнос, Лезбос, Хиос, Споради, како и на Евбеја и Крит.

 

Наставата во многу училишта е исто така откажана и таму каде што е можно, се одвива онлајн

Back to top button
Close