Тројца повредени во сообраќајка во Скопје

На 28.08.2020 во 20,15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.“Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.“Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(32) од Демир Хисар, и патничко моторно возило “опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Е.(20) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Е., а со телесни повреди се здобиле сопатничката од истото возило Љ.Е.(45) и возачот И.К. констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close