Вучиќ за најавената посета на делегацијата на ЕП: Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека делегацијата на Европскот парламент не е повикана од никого во државата и тој нема да има средба со нив, но никого не избегнува.

Вучиќ, кој е во Абу Даби за Неделата на одржливост, вели дека „оние што ја мразат Србија рекле дека на 20 и некој јануари ќе дојдат во Белград“.

– Тие никого не прашаа, ниту нè информираа. Никој не ги покани и тие доаѓаат непоканети. Тие самите одлучија да дојдат тогаш, а јас имам закажано разговори во Давос во тој период и тоа пред пет месеци. Велат дека ја избегнувам средбата. Не ја избегнувам, не ми паѓа на памет да губам време и да се сретнам со Пицула. Имам време да се сретнам со оние што ѝ посакуваат добро на Србија, но не сакам да ги видам овие и не сакам да разговарам со нив – рече тој.

Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, вчера изјави дека делегацијата на Европскиот парламент доаѓа без покана и дека нема да се сретне со нив бидејќи ќе бидат во посета на Естонија.

Делегацијата на ЕП ќе биде во Белград од 22 до 24 јануари.

Back to top button
Close