Захарова: САД ги користат вештачки поттикнатите немири во Иран како изговор за повторување на нападите врз таа земја

Руското Министерство за надворешни работи остро ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради „заканите со нови воени напади“ врз Иран, а заканата на американскиот претседател Трамп за воведување трговски царини ја нарече „уцена“.
Портпаролката на министерството, Марија Захарова изјави дека американските закани со напади врз Иран се „категорично неприфатливи“. Таа ги предупреди САД да не ги користат немирите во Иран како „изговор“ за повторување на нападите врз земјата, откако американските воздухопловни сили во јуни минатата година нападнаа три нуклеарни постројки.
Според неа, таквата акција би имала „катастрофални последици“ на Блискиот Исток, „како и за глобалната меѓународна безбедност“.
– Исто така, одлучно ги отфрламе бесрамните обиди за уценување на иранските странски партнери со зголемување на трговските царини, рече таа, осврнувајќи се притоа на најавата на Трамп за воведување царина од 25 отсто на американскиот увоз за иранските трговски партнери.
Коментирајќи ги антивладините демонстрации во Иран, таа наведе дека „вештачки поттикнатите протести“ се смируваат, што дава надеж за „постепена стабилизација на ситуацијата“.






