Родители и уште три лица нападнале 21-годишник и ја земале нивната малолетна ќерка
На 20.01.2026 во 13:36 часот во СВР Скопје, 16-годишник од с.Грчец, општина Сарај, пријави дека околу 13:00 часот во семејниот дом дошле две машки и три женски лица и физички го нападнале неговиот брат Д.Г.(21) и неговата малолетна девојка, при што малолетничката ја земале со нив и заминале.

Според пријавеното, двајца од нив, биле родители на малолетничката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






