Ахмети: Македонскиот народ добива со уставните измени

Околу уставните измени, лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во „Клик Плус“ кажа дека тие треба да се случат што поскоро, и дека тие ќе ја направат разликата меѓу Македонија и Бугарија.

Ахмети смета дека доколку се случат уставните измени, нема да може десничарски партии во Бугарија да кажуваат како во Македонија нема Македонци, и дека сите се Бугари.

„Можеби уставните измени се во втор или во трет план, но ако се мисли за политичка, развојна и економска стабилност, ние треба да направиме итно решение. Јас мислам дека оваа решение воопшто не ѝ штети ниту на државата ниту на македонската заедница, бидејќи внесувањето на Бугарите во Уставот, ја прави разликата меѓу македонската и бугарската заедница. Нема да може веќе во Бугарија десничарски партии да кажат дека во Македонија нема Македонци, и дека сите се Бугари. Овој став е многу раширен низ националистичките партии таму. Не сакаат воопшто да слушнат дека има македонска заедница. Така што, со уставните измени се прави разликата. Добива македонскиот народ. Секое задоцнување не е добро, затоа што може да се искористи од националистички кругови, кои не го сакаат просперитетот на Северна Македонија за да чекори кон евроинтеграциските процеси“, рече Ахмети

Back to top button
Close