Лагард: Светскиот поредок се менува, но тоа не значи целосен прекин со постојниот
Сегашниот светски поредок се менува, но неговата трансформација не значи целосен прекин со постојниот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, отфрлајќи го тврдењето на канадскиот премиер Марк Карни дека „се наоѓаме во крах“.
![]()
„Не се согласувам целосно со Марк“, изјави Лагард на Светскиот економски форум во Давос, пренесена од британските медиуми.
Таа верува дека креаторите на политиките стигнале до точката каде што мора да размислат за „план Б“, но дека дури и со таков план, не е сигурна дека треба да се зборува за прекин со постојниот поредок.
„Според мене, треба да разгледаме алтернативи“, истакна Лагард.
Канадскиот премиер Марк Карни во текот на говорот на Светскиот економски форум во Давос предупреди дека светскиот поредок се соочува со сериозен храх, и тоа не само заради бавните промени.
Карни рече дека постојниот меѓународен систем заснован на правила и соработка повеќе не функционира како некогаш и го опиша како „фиктивна приказна“ која се распаѓа под влијание на соперништвото меѓу големите сили.
Според него, сè повеќе големи држави ги користат трговијата, финансиите и синџирите на снабдување како средство за притисок, наместо овие врски да ја зајакнат глобалната соработка.
„Ние сме кот на крах, а не на транзиција“, рече Карни, истакнувајќи дека старите претпоставки за глобалната стабилност повеќе не се валидни.






