СДСМ: Доцни платата на 1.700 работници во Пошта
Вработените во Пошта од целата земја денеска протестираат затоа што сè уште не земале плата. Доцни платата на 1.700 работници, и тоа со месеци. Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нема пари за плати ама има за криминални тендери, се посочува во соопштението од СДСМ.

Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.
СДСМ веќе го објави скандалот, како фирма на советникот од ЗНАМ, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер од Пошта во вредност од 1,2 милиони евра за чистење.
Но за овој сканадал со тендерот во Пошта нема никаква реакција од ниту една институција досега.
Што се чека?
Корупцијата и криминалот на ВМРО-ЗНАМ ја загрозува егзистензијата на работниците.
Не може да нема пари за плати на работниците. За ова мора да има одговорност.
АКТ продолжува борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи.
Сите ќе одговарате!
Работата не е завршена!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ






