Во Холандија приведени 15 лица поради дистрибуција на пропаганда на ИД

Холандската полиција приведе 15 лица под сомнение дека на платформата ТикТок дистрибуирала пропаганда на Исламска држава (ИД), при што ги убедувале луѓето да извршат терористички напади.

Обвинителството на Холандија соопшти дека приведувањето уследило откако на ТикТок била дистрибуирана пропаганда на ИД со холандски титлови.

Објавите на ТикТок во кои се агитирало за приклучување кон ИД и се величало мачеништвото имале над 100.000 прегледи.

Тринаесет од осомничените се Сиријци, четворица имаат холандски пасош, но најверојатно имаат двојно државјанство, додека четворица се малолетни.

ТикТок е сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“

Back to top button
Close