Рама за хашкиот обвинител Хаулинг: „Каков меѓународен идиот“

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече хашкиот обвинител Метју Хаулинг „меѓународен идиот“.

Во објава на  Фејсбук сподели видео од обвинителот во кое тој вели дека Хашим Тачи се обидел да ги измами меѓународните претставници.

Во видеото, обвинителот вели: „Тачи успеа да го прикрие она што се случуваше во реалноста, особено Рубин и Кларк покажаа дека немаат интерес да разберат што се случуваше во реалноста“.

„Каков МЕЃУНАРОДЕН ИДИОТ“, напиша Рама.

Ова е втора реакција на Рама откако вчера Специјалното обвинителство во Хаг, побара по 45 години затвор за четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Тој на Платформата „Икс“ синоќа напиша дека не може да ја разберам логиката на која се потпирало СО во Хаг, за да излезе со вакво „неразумно и неприфатливо барање“.

Back to top button
Close