Учесниците на протестот на опозицијата во Тирана предизвикаа хаос, повредени полицајци и новинари

Учесниците по вечерашниот протест на албанската опозиција предизвикаа хаос, прво пред Владата, каде тој се одржуваше, а потоа и пред Парламентот.
По обраќањето на демократскиот лидер, Сали Бериша, почнаа со насилно однесување, обидувајќи се да го пробијат полицискиот кордон, оштетија дел од металната ограда, фрлаа молотови коктели, протехнички средства, кон владиниот објект.

Многу потензична ситуацијата беше пред Парламентот. Од запаливите средства фрлани кон Парламентот има повредени десеттина полицајци, медиумски работници и неколку учесници во протестот.
Полицијата постојано ги повикуваше демонстрантите да престанат и да се оддалечат, па мораше да користи водни топови и солзавец.
Во обраќањето Бериша ги искажа веќе опознатите обвинувања за премиерот Еди Рама, нарекувајќи го „Рамадуро, најголемиот крадец на албанскиот народ“.

-Се собравме во најкритичниот момент за Албанија во последните 30 години. Цел свет знае дека изборите на 11 мај беа манипулација, затоа мора да ја добиеме битката за слободни избори и отстранување од власта на најголемата закана – дикатаурата на Рамадуро, идентична со онаа на Сталин и Енвер Хоџа. Албанија не е приватна сопственост, туку аманет. Сега е моментот да кажеме доста на оние кои украдоа милијарди евра, да ставиме крај на депопулацијата на младите. За време на неговото владеење тој од земјата истера над милион млади. Затоа војната продолжува до последната битка, порача Бериша.
Тој се задржа и на барањето на обвинителството во Хаг кое побара по 45 години затвор за лидерите на ОВК, оценувајќи дека „тие се невини и оти таму треба да одат српскот претседател Александар Вучиќ и неговиот слуга Еди Рама“.
Генералниот секретар на ДП и координатор на пратеничката група, Фљамур Нока порача дека ќе продолжат со протести, се до заминување на актуелната влада и спроведување слободни избори. вт/





