Во Австралија рекорден број на смртни случаи и пад на бројот на заразени со коронавирусот

 Во Австралија е регистриран рекордна смртност кај пациенти со Ковид-19, но и значително намалување на бројот на новозаразени.

Во државата Викторија, бројот на смртни случаи во изминатите 24 часа се зголеми за 41, што е за 16 повеќе од претходниот ден.

Во истата држава бројот на нови пациенти се зголеми за 73, што е најмал дневен пораст на пациенти од 3 јули.

Билансот на епидемијата во Австралија е речиси 26 илјади заразени и 652 смртни случаи.

Back to top button
Close