Сведоштво на придружниот вокал на ДНК: Задната врата беше заклучена, настана стампедо

Со емотивно и потресно сведочење пред Судот, Ана Костадовска, придружен вокал и соработник на групата ДНК, ја опиша драмата што се случувала ноќта на трагичниот настан во дискотеката во Кочани, објави 4news.mk

Костадовска појасни дека не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите. Заедно со неа настапувала и Сара Пројковска, со која, како што рече, има блиска пријателска и професионална соработка.

На прашање од обвинителството околу ангажманот, одбраната реагираше со приговор дека сведоците треба да одговараат само на прашања поврзани со кривичните дела, но Судот не го прифати приговорот.

Повеќе

Back to top button
Close