16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно насилство
12.11.2026 14:40
174 Читање помалку од 1м
Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж и неговата 54-годишна сопруга од Скопје, по пријава од нивната 16-годишна ќерка за семејно насилство.

Според пријавата, таткото физички ја нападнал малолетничката, додека мајката подолг период психички ја вознемирувала.
Случајот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода, а по неговото целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
„На 12.11.2026 во 09:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Н.(53) и В.Н.(54), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од нивната 16-годишна малолетна ќерка дека во домот нејзиниот татко А.Н. физички ја нападнал, а нејзината мајка подолг временски период психички ја вознемирувала. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопштија од МВР






