Оброк со слика: За пратениците месо, за студентите конзерви
Објава на Бленди Ходаи на социјалните мрежи привлече внимание со споредба меѓу оброкот што им се нуди на пратениците и храната што ја имаат на располагање студентите.

На фотографијата се прикажани две маси поставени во Скопје. На едната, означена како „пратенички оброк“, има месо, чаша вино и лист на кој пишува мени од бифето во Собранието. На другата, означена како „студентски оброк“, се наоѓаат една кришка леб, конзерва туна, пиперка, кромид и сок.
Со фотографијата Ходаи напиша: „До кога за едните луксуз на државна сметка, а за другите борба за опстанок?“






