Ја принудувал бремената партнерка на полови дејствија и ја тепал

Случај на семејно насилство во Кратовско е пријавен во полицијата откако 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, која живеела во кратовско село, пријавила малтретирање од нејзиниот 46-годишен партнер И. Д.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 ноември 2026 година, по пријавата во СВР Куманово, бил извршен службен разговор со двајцата. Жената изјавила дека го слушнала партнерот како разговара со други жени, по што побарала пари за да си замине, но тој одбил да ѝ даде. Мажот бил предупреден, а жената била спроведена во Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

Неколку дена подоцна, на 10 ноември, во ОВР Кратово од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И. Д. ја принудувал жената на полови дејствија и физички ја напаѓал.

По извршените лекарски прегледи било утврдено дека жената е бремена и има хематоми на одделни делови од телото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close