Македонија во септември ја посетиле над 136 илјади туристи, најбројни биле Турците
Туристичката посетеност во Македонија бележи раст и во септември 2026 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава престојувале 136.305 туристи, кои оствариле вкупно 264.370 ноќевања. Најголем дел од посетителите биле странски туристи, со учество од 75,1 отсто.

Од вкупниот број гости, 102.370 биле странски, а 33.935 домашни туристи. Во однос на септември минатата година, посетеноста е зголемена за 2,5 отсто, при што бројот на домашни туристи пораснал за 3,6 отсто, а на странските за 2,1 отсто.
Меѓу странските гости најбројни биле туристите од Турција, од каде што пристигнале 27.933 посетители. Следуваат Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.
Во септември биле остварени 0,6 отсто повеќе ноќевања отколку во истиот месец лани. Домашните туристи реализирале 89.295 ноќевања, што претставува раст од 7,1 отсто, додека кај странските гости се регистрирани 175.075 ноќевања, или 2,3 отсто помалку.
Раст на туристичката активност е забележан и во периодот од јануари до септември. Во првите девет месеци од 2026 година, Македонија ја посетиле 1.122.264 туристи, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Бројот на домашни гости е зголемен за 2,8 отсто, а на странските за 3 отсто.
Во овој период биле остварени 2.958.747 ноќевања, односно 3,5 отсто повеќе на годишно ниво. Од нив, 1.572.838 биле реализирани од домашни туристи, што е раст од 2,4 отсто, додека странските гости оствариле 1.385.909 ноќевања, или 4,6 отсто повеќе.






