Бугарски европратеник: Со ова темпо процесот на преговори на Македонија со ЕУ може да трае и 120 години

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц вчера изрази надеж дека властите во Скопјe нема да ја пропуштат можноста да постигнат напредок во преговорите за пристапување во ЕУ. Вајц презентираше резиме од својот предлог за новиот годишен извештај на ЕП за РСМ, чија содржина почна да се дискутира во парламентарниот комитет за надворешни работи.

Во дебата се приклучиле и бугарски европратеници. Станислав Стојанов од партијата Преродба истакна дека луѓето во Македонија чекале доволно долго, но политичката елита не изгледа уморна и одбива да ги исполни преземените обврски.

-Со ова темпо, го кажувам ова со жалење, процесот на преговори може да трае не 20, туку 120 години, рекол Стојанов.

Според него, главните обврски поврзани со промените во уставот остануваат неисполнети, недостасува политичка волја за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Back to top button
Close