Новата директорка на Развојна банка е сопруга на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ
Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Димовска доаѓа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ.

Димовски, на својот фејсбук-профил често објавува слики од настани заедно со премиерот Христијан Мицкоски.
Сумирајќи ја 2025 година, тој постави слика заедно со премиерот и со потпретседател на Владата Беким Сали, објаснувајќи дека тоа е слика за „добредојде во тимот на новиот потпретседател на Владата на Република Македонија, д-р Беким Сали.
…
Повеќе






