СП по трагите на серискиот убиец од Кумановско – Мештаните се прашуваат дали уживал премолчена заштита од локални полициски службеницо

“Ако пријавиш нешто, сам ќе излезеш на крајот виновен“, кажала за Счободен печат една од жените во селото Драгоманце, кое се наоѓа на неколку стотици метри од куќата во која израснал Трајко.

Сега повеќе смртни случаи од минатото им се враќаат во меморијата на мештаните, заедно со сомнежите дека нивната смрт не е ниту природна ниту случајна. Тука спаѓаат и две жени починати во пожар, во чиј двор биле пронајдени стапки од поголем машки чевел.

(…)

Вкупно 17 илјади евра недостасуваат и од куќата на убиената 78-годишна жена во селото Челопек, од каде што почна истрагата што го посочи Трајко како можен сторител на серија убиства врз повозрасни, немоќни жени, кои живееле сами во раздалечени куќи.

(…)

Полицијата навечер патролира со засилено темпо да внесе мир и сигурност кај мештаните, но откако тие дознале дека младата 35-годишна девојка Марија Маринковска која починала од насилна смрт била закопана без обдукција, довербата во полицијата не е на високо ниво. Барем од она кое ни го кажаа локалните жители, тие се сомневаат дека Трајко Б. уживал премолчена заштита од полицијата а таквите сомнежи ги црпат од фактот што бил пријавуван за напад на старица и за кражби и пуштан дома веќе следното утро, слободен да го продолжи она кое го започнал.

Сторијата на Слободен печат во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close