(ВИДЕО) Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека со назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, премиерот Христијан Мицкоски ја става институцијата во функција на, како што наведе, сопствени бизнис интереси.

Фрчкоски тврди дека Димовска е сопруга на Димитар Димовски, кого го посочува како долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во проекти поврзани со хидроцентрали, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Според него, поставувањето на Димовска отвора сомнежи за конфликт на интереси, особено имајќи предвид дека Развојната банка одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти.

Во изјавата се споменува и дека Димовски бил инволвиран во предметите „Топлик“ и „Шпански скали“, како и дека моментално извршува функција секретар за јавни политики во Владата.

Фрчкоски посочува дека Димовска е сопственик на компанијата „Херба Натура“ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект „ХН Соларис“, оценувајќи дека на тој начин се воспоставува „директен линк“ меѓу приватни фирми и државна финансиска институција.

Од СДСМ бараат итно повлекување на Димовска од функцијата и реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата и другите надлежни институции, оценувајќи дека станува збор за класичен конфликт на интереси и злоупотреба на институциите во партиски и бизнис цели.

Back to top button
Close